Протест на поранешните политички затвореници

Од:

Здружението на поранешни политички затвореници Албанци предводено од Шптим Положани, попладнево се собраа пред Владата да ги побараат своите права, но и да изразат револт затоа што државата се уште не донела закон за рехабилитација на жртвите на комунистичкиот режим.

Претседатаелот на здружението, изјави дека според нивна евиденција 24.000 Албанци се оштетени од поранешниот режим, од кои 5.400 се суште живи.

Здружението има изработено предлог-закон за обештетување и дефинирање на статусот на политичкиот затвореници и бараат жртвите од комунизмот да се обештетат матријално, со хартија од вредност или со надоместок на пензискиот стаж.