Протест на активисти на Граѓанското движење „Протестирам“ во Битола

Од:

Граѓанската иницијатива Протестирам одржана од повеќе битолски невладини организации вечерва одржа едночасовен мирен протест во Битола кој почна од собирно место пред Офицерскиот дом во Битола, а заврши со блокирање на една од најфреквентните крстосници во центрланото градско подрачје на ул. „Никола Тесла“ и „Борис Кидрич“.

Учесниците на протестниот собир ги повторија веќе познатите барања повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција негова оставка како и оставка на градоначалникот Владимир Талески и одлагање на претстојните парламентарни избори закажани за 5 јуни.