Проодни главните патишта во општините на крајниот исток

Од:

Сообраќајот на сите главни патишта во Пијанец и Малешевијата се одвива без прекин, но во зимски услови.

Според информацијата од Македонија пат од Берово, сите патишта се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови и без застој. Прооден е и патниот правец Виница-Берово, каде синоќа на месноста Обозна имаше застој поради заглавено товарно моторно возило. Во Малешевијата висината на снежната покривка е 20 см.

Како што информираат од Македонија пат Делчево, сите главни патни правци се исчистени, но има остатоци на снег по коловозите, па се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината согласно со условите на патот.

Патниот правец Делчево-Граничен премин е исчистен и прооден, како и патните правци за Берово, Македонска Каменица и Саса, кои се патишта за одржување од прв приоритет. Висината на снежната покривка во Делчево е околу 15 см.