Денеска околу 16 часот е пронајдено шестгодишното дете, кое неколку часа пред тоа беше пријавено од неговата мајка дека се изгубило на плоштадот Скендер бег во Скопје.
– Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее – велат од полицијата.