Во салата „Бели Мугри‘‘ во Велес синоќа беше промовиран Форумот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.
За значењето на Форумот зборуваше Бошко Караџов проф. д-р на филозофски науки, кој појасни дека по својата организациска структура Форумот на ВМРО-ДПМНЕ е отворено политичко советодавно тело составено од сограѓани-културни и општествени дејци, кои во градските средини се признати и истакнати за својот професионален интегритет и општествен алтруизам, а благодарение на тоа,спроведувачите на јавните политики ќе имаат уште еден логистички ресурс при донесување на одлудаките и решенијата.
Форумот на ВМРО-ДПМНЕ, организациски е струкуиран во рамки на неколку сектори и тоа сектор за културни политики, за образовни политики, за социјални и здраствени политики и за економски политики.
– Форумот ќе охрабрува, помага, логистички поддржува, организира, впрегнува нови организациски тела преку кои ќе се овозможи таа демонополизација на политичкото однесување и ќе се овозможи секаков вид партиципација на граѓаните и ќе овозможи содејство меѓу граѓаните и оние кои ги спроведуваат јавните политики, рече Караџов.
Кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев меѓу другото истакна дека создавањето на овој Форум е чин за да го трасира оној пат по кој тргнавме ние, иновативноста во политичкото партиципирање која е наша карактеристика која ја воведе оваа политичка гарнитура столб на градот.
– Во овој форум сите се обединети кон идејата за подобар град и подобра Македонија, нагласи Чадиев и потсети дека Велес е прв во историјата по многу нешта, а сега е прв во Македонија по создавањето на едно вакво тело.
На Форумот говореше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а свеченоста беше збогатена си концерт на класична музика на кој настапија врвни имиња на класичната музика кои се од Велес.