Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 3, додека дневните ќе се искачат од 8 до 15 степени.
Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура од -1, а дневната ќе се искачи до 9 степени.
За време на викендот не очекува дожд, а на повисоките места и планините врнежи од снег. На повеќе места ќе се формира снежна покривка.
