Прогласени победниците на поетскиот конкурс на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“

Од:

Во организација на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска беа прогласени победниците на традиционалниот конкурс за песна и за деца и за возрасни.

Претседателот на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Мирко Видоески, рече дека на конкурсот учествувале околу осумдесеттина песни.

– Единствено ОУ „Андреа Савески Ќиќиш“ од Тетово организирано доставија творби од нивните ученици, додека од другите училишта имавме само поединечни учества.  Благодарение на социјалните мрежи и информациите што ги пласиравме таму на конкурсот учествуваа поети и од други градови  во државата. Преку нашата страница на Фејсбук и минатата година имавме песна која беше наградена од ученик од Србија, изјави Видоески.

Годинава за најдобра песна за деца наградата ја доби песната „Делата на Блаже Конески“ од Христијан Маркоски, ученик во ОУ Климент Охридски во Прилеп.

– Големо е задоволството што ја добив првата награда на овој поетски конкурс. Започнав со пишување на песни од пред две-три години и имама добиени повеќе нагарди кои ме мотивираат и понатаму да пишувам, рече Маркоски.

Ангела Андоновска од ОУ „Андреја Савески Ќиќиш“ од Тетово освои втора награда на конкурсот со песната „Разделба“.

– Песната е со  со љубовен  мотив и за неа ја добив втора награда. Пишувам песни  последните две години, а наградата е голем успех за мене и мотив за понатамошна работа, рече Андоновска.