Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) и тројцата универзитетски професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои се 22 дена во штрајк со глад, по завршување на Јавниот протест на СОНК заеднички се договорија , во знак на добра воља и симнување на сите обвинувања на политичка заднина на целиот случај, одлучија штрајкот со глад да го стават во мирување.
Раководството на СОНК и во оваа прилика го потврдува принципиелниот став на СОНК дека и понатаму безрезервно ќе продолжи да ги поддржува и да презема соодветни мерки се додека не се реши проблемот со тројцата универзитетски професори, кој е создаден со скандалозно кршење и не почитување на оценките на рецензентските комисии, како и Решението на Државната просветна инспекција.
Раководството на СОНК го изразува задоволството од заедничкиот договор со тројцата универзитетски професори и очекува раководството на Универзитетот „Гоце Делчев“ што поитно да одговори со преземање на соодветни мерки за решавање на овој случај.