Проект за вработување на ранливите категории граѓани

Од:

Во општина Гостивар започна имплементацијата на регионалниот проект „Промоција на инклузивни пазари на труд“ насочен кон вработување на ранливите категории граѓани. Притоа се одржа средба на претставници од локалната самоуправа, Агенцијата за вработување, невладините организации. Проектот е поддржан од УНДП и МОТ (ILO) и освен во Македонија се спроведува и во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Целта на проектот е да им се помогне на маргинализирани групи граѓани како лицата со посебни потреби, ромското население и други за полесно да најдат вработување.

„Денешната средба е една координација со важните чинители од институтиците и од невладиниот секотор за изнаоѓање начини преку какви активности, проекти и  решенија тоа може да се спроведе“, вели координаторот на проектот Дашмир Османи.