Продолжува акцијата за сервисирање на ударните дупки на улиците во Центар

Од:

Општина Центар продолжува со акцијата за реконструкција на улиците на нејзина територија.

Во оваа фаза, се реконструираат улиците „Димитар Беровски“, „Славејко Арсов“, „Востаничка“, „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“. Се санираат ударните дупки, се поставува нов асфалт и се сервисираат одредени делови од тротоарите и патеките за пешаци.

Со овие зафати ќе се овозможи нормално одвивање на сообраќајот и безбедност при движењето на пешаците.

Акцијата продолжува во наредниот период, со реконструкција на улицата “Капиштец“, во населбата Долно Водно.