[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Директорот на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ Сашо Алчев, денеска бил нападнат и прободен со нож во пределот на левото рамо.
Оваа информација за А1 ја потврди и директорот Алчев.
„Бев прободен на излез од салата во Куманово, по завршувањето на конвенцијата на здружената опозиција. Станува збор за познати криминалци од Скопје“, изјави за А1 Алчев.
Алчев веднаш бил хоспитализиран и се наоѓа надвор од животна опасност.