Насилникот кој до смрт имачуваше коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, во моментот е во полициска станица на распит, пренесе Нетпрес.
Полицијата, вчера на сторителот на овој громозорен чин, му поднела прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир, за што според член 29 од надлежниот Зконот, казната се движи од 100 до 400 евра.
Се очекува денеска, против него да биде поднесена и кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, за што според кривичниот законик, следува каазна до една година затвор.
Јавноста за викендов ја потресоа фотографии од изнемоштен коњ во дворот на ова училиште, кој истиот ден почина, што резултираше со бројни осуди и брање одговорнот од надлежните кои дозволуваат и не санкционираат изживување со животното, кое според очевидци се случувало многу често, а особено што тоа се случува во дворно место на образовна институција.