Вчеравечер нешто по 3 часот, полицијата во Демир Капија привела 33-годишен маж кој во семејниот дом се однесувал агреснивно кон татко си, а ги малтретирал и сопругата и малолетното дете.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по комплетирање на истрагата за случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.