А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвореник со вграден стент лежи во затворот во Шутка – управата и Клиниката не можат да обезбедат документацијата

by А1он04/06/2018 - 21:27179
Share0

Поради неажурност на институциите, притвореник со вграден стент 2 недели лежи во затворот во Шуто Оризари, зашто Клиниката и управата на затворот не можат да ја обезбедат медицинската документација за судот да го пушти од притвор.

Следете a1on на Instagram Instagram

На ден 15 мај на oсомничениот Басри Ибраими од Тетово му се слошило во затворот „Скопје“ каде ја издржува мерката притвор. Ден подоцна, откако лекарите му констатитрале срцево запушување на артеријата, на Универзитетската Клиника за кардиологија му била извршена интервенција коронографија и му бил вграден стент.

Осомничениот бил згрижен на Клиниката каде заздравувал по интервенцијата. За таквата состојба биле известени судијата кај кого бил предметот и обвинителот од Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На ден 17 мај адвокатот на Ибраими доставил барање до судот да му се замени мерката притвор, иако судот треба да постапи по службена должност во таков случај.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 18 мај кривичниот совет го испратил барањето за промена на мерката до предметниот обвинител за замената на мерката на мислење, но барањето било празно, без соодветна документација, која судот требало да ја прибави по службена должност преку затворската управа. Обвинителот го вратил барањето без да даде мислење со назнака да се обезбеди предметната здравствена документација.

До ден денешен затворската управа на КПУ „Скопје“ не ја обезбедило здраствената документација, со образложение дека Универзитетската клиника за кардиологија не сака да ја даде без да се наведат причините.

Осомничениот Ибраими го вратиле во затворот, каде ја издржува мерката притвор во постоперативна здраствена состојба и каде нема соодветни услови за нега.

Судот сè уште не решавал за барањето и ја чека здраствената документација да биде доставена од затворската управа која треба да ја подигне од Клиниката за кардиологија.

Васко Маглешов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео