А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Презентација на програма за деца со и без интелектуална попреченост

by А1он17/06/2017 - 09:3453
Share0

„Специјална Олимпијада Македонија“ денеска организира демо презентација на програмата „Млади атлети“, на која ќе бидат презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.

Добивај вести на вибер

Програмата „Млади атлети“ е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава.

Оваа програма, „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.

Програмата „Млади атлети“ се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект, кој што е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.

mladi atleti
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен