На конференција што денеска ќе се одржи во Скопје ќе се одржи презентација на применета нанотехнологија, преку употреба на иновативни решенија инспирирани од природата.
Целта, велат организаторите, е да се создаде одржлива средина, како Фото-каталитична деградација на загадувачи во воздух и вода (органска и микробиолошка) или напредна заштита со „течно стакло“.
Настанот го организира OxyPro Solutions во соработка со CCMGmbh, а презентерите ќе се обидат да ја запознаат јавноста и апликативно да ја воведат во примената на овие напредни алатки.
Спикери на настанот ќе бидат: Neil McClelland и Bernd Zimmermann, претставници на CCM Gmbh кои повеќе од 20 години работат на развивање на нано технологијата и нејзината прагматична употреба во сите сфери.
