Ќе бидат презентирани и резултатите од спроведената анкета во која учествувале 1.200 испитаници-Бошњаци за предизвиците и проблемите со кои се соочува бошњачкото население во Македонија. Истражувањето е поддржано од Фондацијата отворено општество-Македонија.
За значењето на образование на босански јазик ќе зборува Сеад Шемсовиќ, професор на универзитетите во Сараево и Нови Пазар.
Заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Џелал Хоџиќ –Џељо, пак, ќе говори за моменталната состојба на Бошњаците во Македонија, како и за начините да ги остваруваат своите права.
Бошњачкиот истражувачки центар – Lilium Bosniacum овој настан го организира по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28-ми Септември.
