Превид на Министерство за здравство – Јане Нетковски не е директор на Клиниката за уво, нос и грло

Од:

Министерството за здравство направило превид – за две клиники се објавени неточни податоци околу имињата на новите директори. Станува збор за Клиниката за уво, нос и грло каде за директор на оваа Клиника е поставена д-р  Габриела Копачева – Барсова, наместо како што беше претходно најавено за д-р Јане Нетковски.
Сличен превид е направен и за Здравствен дом Виница: на оваа Клиника за директор е поставен д-р Венко Данчев наместо како што беше претходно најавено за д-р Венцо Вијунов.

Одделението за односи со јавност  информира дека се направени  технички предвиди при внесување на податоците за  двете две здравствени установи.