Претставени смарт училиниците на конференција во Барселона

Од:

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска -Томовска учествува на Светската конференција Smart city“ што се одржува во Барселона каде е презентиран проектот „Macedonian Education Network Project“.

Ресорното министерство соопшти дека биле презентирани смарт училниците  кои кинеската Влада ќе ги донира во средните училишта во Град Скопје. За време на презентацијата била остварена комуникација со тренинг центарот во Кина, кој е во сопственост на изведувачот на проектот Huawei, а министерката Арсовска-Томовска имала можност да го користи софтверот преку кој учениците ќе ја следат наставата, а професорите полесно ќе ја предадат планираната наставна програма, ќе спроведуваат тестови или брзи квиз прашања.

За време на конференцијата, министерката Арсовска – Томовска оствари средби и со претставници на „Deutsche Telekom“ кои го презентираа смарт решението за отворени податоци и решението за полнење на електрични автомобили.