Како последица на заемното дејство на врнежите и топењето на снегот особени покачувања на водостоите се јавија во сливовите на реките Треска, Радика, Вардар(горен тек), Црн Дрим, Црна Река(горн тек). Во посочените сливови имаше појава на излевања (Тетовско, Кичевско, Охридско). Големи излевања и поројни поплави има во кичевскиот регион и по течението на р.Треска, полошкиот регион и притоките на р.Вардар (потврдено од ЦУК).
Со престанување на врнежите притисокот врз реките и суводолиците се намалува, но сеуште бележиме релативно високи водостои и локални излевања на реките Треска, Вардар.
Новите податоци покажуваат намалување на водостоите во погорните делови од сливовите, и тоа на реките Радика, Сатеска, Голема Река, Пена а во 17 часот имаме информација и за постепено намалување на водостојот на р.Треска кај Македонски Брод (од 300 на 285 cm), р.Вардар кај Јегуновце (од 198 на 195) и Радуша (од 198 на 196).
Сепак поради високите водостои и понатака препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.
