Прекин на сообраќајот на патот Прилеп – Ресен

Од:

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Од АД Бетон известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до с. Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16.04.2015 година.

Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за Транспорт и Врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.