Прекин на гласањето во Теарце

Од:

Гласањето во избирачкото место во Теарце утринава беше прекинато откако избирачкиот одбор констатира дека не работи УВ лампата. Избирачкото место беше затворено околу 15 минути.

Откако беше донесена друга УВ лампа, изборниот процес тече нормално. Прегласувањето е по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето само на ова избирачко место во изборната единица број 6.

Во Теарце се впишани 714 гласачи од коишто на 11 декември излегоа 404.