Околу 15:00 часот е прегазено 12-годишно девојче на пешачки премин во скопската населба Хром од страна на товарен камион.
Телото беше покриено со чаршаф и се чекаа екипите на МВР.
Речиси секој ден некој гине на скопските улици, а по се изгледа брзината од 50 километри на час е уште еден закон кој во праксата не се почитува.
Пред два дена беше прегазено и девојче кај Католичката црква, за кое Клиничкиот центар не даваше информации во кaква состојба се наоѓа.