Прегазен пешак во скопско Буковиќ

Од:

Синоќа околу 20,55 часот на автопатот „Мајка Тереза“ во атар на село Буковиќ, А.А.(23) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Б.И.(53) од село Буковиќ, скопско.

Во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен е увид.