На улицата Ѓорче Петров, во истоимената населба, во близина на фурната „Блажевски“, се случила сообраќајна несреќа во која прегазен е 59-годишен пешак од страна на возач со возило од марката Volkswagen Passat со скопски регистерски таблици, пренесе Сител.
Од МВР соопштуваат дека пешакот минал со лесни телесни повреди и е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.
Екипи на МВР во моментот вршат увид на местото на насреќата и најавуваат детали за подоцна.
