Православни божикни обичаи

Од:

Од денот на Христовото раѓање почнува христијанската ера и од тој ден христијанските народи, а и останатиот свет почнуваат да ги бројат годините.

За спомен на раѓањето Христово, уште од апостолските времиња е основан голем празник – Божик. Свети Јован Златоуст вели дека Божик е извор за сите христијански празници, бидејќи ако не било Христовото раѓање, не би постоеле ни крстења, ни воскресение, ни други празници.

На почетокот Божик не се празнувал на ист ден, дури во четвртиот век во времето на цар Аркадије, воведено е Божик да се празнува одвоено од Богојавление и да се празнува на 25 декември според Јулијанскиот календар, а на 7 јануари според новиот Грегоријанскиот. На тој ист ден Римјаните имале празник кој се викал Dies natalis Solis invicti, ден на славење на сонцето кое постојано се враќа кон лето и се обновува, па празнувањето на Божик било одредено во тој ден, за да се потисне овој римски празник.

Со цел Христијаните достојно да се подготват за Божик, установен е пост од 28 декември до 6 јануари навечер (од 15 ноември до 24 декември), кој не е толку строг како велигденскиот. Тој одговара на зимскиот годишен одмор. Меѓутоа Божик, кога и да се падне, е ден кога се мрси. На иконата раѓањето на Исус се претставува вака: пештера и во неа јасли; пресвета Богородица со Јосиф и бебето Исус. Пастирите се поклонуваат, а сјајна ѕвезда со својата светлина го осветлува новородениот Исус Христос. Над нив летаат ангели, за јаслите се врзани мазги, а јагнето е во прв план.

Наместо вообичаениот поздрав, на Божик луѓето се поздравуваат со Христос се роди и Ваистина (Навистина) се роди.

Ниту еден празник нема повеќе народни обичаи како Божик, кои се одржуваат и ден денес. Најчести обичаи се палење на бадник, ставање слама на подот во домовите, ѕвецкање и свиркање, месење на погача, печење печеница, пита, а има и многу други верувања, гатанки и поговорки.

Се смета дека кај старите Срби кои биле многубожци, постоел некој бог Бадник, чиј кип бил изделкан од дрво. Примајќи го христијанството, пред денот кога се родил новиот Бог, Србите својот стар кип Бадник го фрлиле во оган, а бидејќи тој им бил многу мил, тој обичај го повторуваат на секоја Бадна вечер, а бадникот на еден крај го премачкуваат со мед, кој децата го лижат, со тоа да покажат колку бадникот е сладок и мил.

Црквата на бадникот дала нова смисла: греејќи се околу бадникот, домашните се загреваат со љубов, искреност и слога, а светлината негова ја растерува темнината на незнаење и празноверие, озарени се и преполни со радост и милина, здравје и изобилие.

Порано, кога луѓето повеќе живееле на село, а понекаде и денес, на Бадник, пред да изгрее сонцето, еден од домашните оди во шума и избира дрво, кое мора да биде младо и борово. Пред да замавне со секирата, дрвото го посипува со жито и му вели: Добро утро и честит Бадник. Потоа го засекува на две места да падне иверка од него и таа иверка ја зима со себе. Отсеченото дрво го делка, го носи дома и навечер пали оган со него. Кога ќе прегори, долниот крај се носи околу шталите, а горниот крај се остава за питата. Поради тоа што на тој ден се пали бадник и денот се нарекува Бадник.

Секако денес бадникот во градовите се купува на пазар од селаните, но симболиката му е иста, а ритуалот скусен, или бадникот едноставно само се чува дома.

Пред Божик подот се посипува со слама во домот, со што тој се претвора во витлеемската пештера, во која се родил Исус и во која се простира слама за стоката да лежи. Во селските куќи сламата на подот стои три дена, а во градовите оваа симболика е сведена на малку слама која се поставува покрај бадникот.

Нова арена – Белград