Пратениците гласаа за измена на Уставот

Од:

Со 82 гласа за, Собранието на РМ, попладнево го усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Како што рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, одлуката за пристапување кон измена на Уставот усвоена со двотретинско мнозинство, стапува на сила веднаш. Владата, како подносител на предлогот, за најдоцна 10 дена ќе треба да подготви и до Собранието да достави нацрт текст со амандмани на Уставот.

Пратеничката Роза Топузовска Каревска гласаше воздржано, додека ДПА гласаа „против“.

Гласовите кои им недостигаа на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за да обезбедат двотретинско мнозинство ги надомести пратеникот на ГРОМ Чедомир Саздовски, како и сега веќе одметната пратеничка на НСП Мирсада Асани.