Познати момчињата кои прскаа со солзавец во „Арсени Јовков“

Од:

Полицијата откри дека 20-годишниот Никола Џиковски го донел спрејот во училиштето „Арсени Јовков“ во скопската населба Чаир.

Тој заработи кривична пријава исто како и 16-годишниот Антонио Тошев кој е ученик во училиштетот во втора година и 17-годишниот Албин Куртовиќ.

За другарите на Џиковски се знае дека прскале со спрејот во училиштето.

Инцидентот се случи пред два дена.

Четириесетина ученици и еден наставник завршија на Клиниката за токсикологија со симптоми на кашлање и солзење на очите, но набрзо беа пуштени од болницата на домашно лекување.