Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ донесе одлука за добитниците за 2014 година.
За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.
За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на: Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент; Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и акад. Катица Ќулавкова, писателка.