Пожарите над Струмица се локализираат

Од:

Огнената стихија над Струмица не стивнува. Осми ден по ред се уште гори шумата на месноста „Двата пата“, а пламените јазици се спуштија и во непосредна близина на регионалниот пат Струмица-Валандово.Во гаснењето на пожарите активно се вклучени противпожарната единица од Струмица, а на помош дојдоа и пожарникари од Радовиш и Валандово.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и двата авиони за гаснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на ЈПКД„Комуналец“ и ЈП„Македонски шуми“, како и механизација на приватни фирми кои прават пресеци за да не се шири пожарот.
-Пожарите се локализираат, но поради високите температури повторно се активираат.Но,иако човечките ресурси се крајно исцрпени, се прават максимални напори до крајот на денот пожарите да се ликвидираат, вели Мијалче Крстев, командир на ТППЕ Струмица.