Во државниот студентски центар „Стив Наумов“ во Скопје изби пожар. Како што потврди командирот на противпожарната бригада во Скопје, Благоја Менковски опожарена е една соба, пренесе Радио МОФ.
Засега се претпоставува дека пожарот избил поради оставена греалка приклучена на електрична енергија која студентите ја користат за затоплување на просториите, бидејќи иако грејната сезона започна вчера, во радијаторите сеуште немало протечено топла вода – велат студентите.
Моментално во студентскиот дом има екипа од противпожарната екипа и екипата од итната медицинска помош.