Пожар во куќа во Скопје, една жена задржана на болница поради труење со чад

Од:

Вчера во 14:30 на улица „Максут Садик“ од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.И.(42), при што опожарен бил горниот кат.

Од страна на Противпожарна единица пожарот е изгаснат.

Во пожарот повредена е Н.И.(36) која со возило на Итна медицинска помош е пренесна во Комплекс клиники “Мајка Тереза” на клиниката за токсикологија, каде од страна на доктор констатирано е дека има труење од чад и е задржана на понатамошно лекување.