Пожар избувнал вчера наутро во куќа на улицата „14“ во село Арачиново. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во Бригадата за противпожарна заштита во 08,40 часот било пријавено дека пожар зафатил куќа сопственост на A.И.(41) од село Арачиново, при што е опожарен вториот кат, кровната конструкција и дел од првиот кат. Повредени лица нема.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. На местото на настанот излегле полициски службеници и се работи на целосно расчистување на случајот.
