Голем пожар попладнево избувна над Јабланица, во близина на Струга. Ветерот го шири пожарот, а истиот се гледа од патот Охрид-Кичево.
Неофицијално, гори шума кај локалитетот Вајтос – кој е археолошки локалитет од римско време. Чадот се шири над Струга.
Портаролот на охрдската полиција, Стефан Димовски нема информација за активен пожар во тој регион. Во охридскиот регоион вчера имаше пожар во атарот на село Рамне, каде гореше ниска шума, известија од Центарот за управување со кризи.
Според Центарот за управување со кризи, активни пожари има во скопскиот, струмичкиот, охридскиот и во штипскиот регион.
Кристијан Ландов