Пожар избувна вечерва на третиот кат на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар – Скопје.
Според командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Благоја Менковски, од пожарот била зафатена помала просторија – всушност остава за помошниот персонал.
Според пожарникарите децата сместени на Клиниката во ниту еден момент не биле во опасност.
Причините заради кои настанл пожарот допрва ќе се се утврдуваат.