СДСМ: Курир е поврзан со братучедот на премиерот, Сашо Мијалков

Од:

Порталот „Курир“ веќе 23 дена нема одговор на прашањето на СДСМ за приходите од 1.3 милиони евра за кои опозицијата смета дека се нелегално заработени пари.

СДСМ го поврзува „Курир“ со Сашо Мијалков преку агенцијата за обезбедување „СГС“. Како што се вели во соопштението, фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП која пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС зад која стои поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

-Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Стајковиќ е близок и до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија. Во Вистината за Македонија граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ „Курир“ е гласилото од коешто премиерот Груевски ја спроведува уредувачката политика во медиумите под негова контрола.