Повредено лице во пожар во Илинден

Од:

Вчера вечер во куќа сопствност на 36-годишен жител на улица „8“ во населбата Илинден избувнал пожар. Настанот во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во 21,05 часот.

На местото на настанот првично било констатирано дека пожарот најверојатно настанал од проводник на електрична енергија. Од пожарот е оштетен кровот на куќата и мал дел од покуќнината во поткровјето.

Братот на пријавителот М.Т. (31) при напуштање на куќата се самоповредил (повреда на левиот скочен зглоб), информира полицијата.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита целосно го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.