Повредена жена во сообраќајка на автопатот Градско – Велес

Од:

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што вечерва се случила на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа.

Незгодата, според полицијата, се случила околу 19 часот, а повредената жена со возило на итна медицинска помош е пренесена во Велешката градска болница.

Според првичните инфомации, возилото со кое се возела жената и нејзиниот сопруг сакајќи да избегне одрон од карпа поради лизгавоста на патот, удрило во банкините. Повредената е надвор од животна опасност.

На лице место во моментов е екипа на СВР Велес, која работи на утвдување на причините за сообраќајната несреќа.