Потврден уште еден случај на листерија

Од:

Пациент заразен со бактеријата листерија денеска е примен на Инфективната клиника во Скопје, информира министерот за здравство Никола Тодоров.

Станува збор за маж од Тетово, роден 1966 година, кој е во стабилна состојба.
– Денеска ја добивме оваа потврда од Микробиолошката лабораторија дека и кај овој пациент станува збор за листерија, посочи Тодоров.

Досега од бактеријата листерија на клиниките во Скопје беа примени седум пациенти, од кои четири завршија со смртни последици.