Потемкинови села или реален напредок?

Од:

Како напредува Македонија, опозицијата и власта со различна диоптрија гледаат на резултатите од пристапниот дијалог на високо ниво, што Македонија го води со Брисел.
За оваа точка се караа, расправаа си реплицираа и пред претставниците на меѓународната заедница и амбасадорите , на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.

Тоа што за власта е доказ за посветеност и работа на евроинтегративниот процес, за опозицијата е документ преполн со дупки и декларативни, а не вистински заложби за приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ.

„Она што повеќе ме загрижува е што во извештајот гледам дека владата си ги бира приоритетите кои сака да ги работи и не само што молчи, туку сака да ги прескокне приоритетите за кои не сака да покаже резултат“,претседателот на Совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска.
„Владата не си поставува сама приоритети. Сите приоритети во дијалогот се поставени заедно со Брисел“, рече Антонио Милошоски.
„Извештајот не ја губи смислата, тој не е декор. Тој е реален преглед на она што е сработено и на она што треба да се реализира во следниот период“, вели Силвана Бонева.
Градите само замислени Потемкинови села, не ја гледате реалноста, смета опозицијата.

„Мене ми се чини дека извештајот за напредокот на Македонија губи смисла затоа што стана декор од една политика која што не е поврзана со реалноста во Република Македонија“, рече Јани Макрадули.

Зијадин Села и забележа на Бонева дека ги избркала медиумите со настапот.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи не ја исклучи можноста до крајот на годината дијалогот да го донесе и најпосакуваниот резултат – датум за почеток на преговорите со ЕУ.