Поставен камен-темелник на црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Штип

Од:

Во кругот на Клиничката болница-Штип денеска беше поставен камен-темелник на црквата „Свети Кузман и Дамјан“.

Малата црква посветена на двајцата браќа лекари се гради со помош на донација од семејството Розенгрен од Шведска, кое пред неколку месеци донираше медицински апарти и опрема за болницата.

Според Томас Розенгрен од НВО „Хенд Хил Хенд“, во Шведска секоја голема болница има црква.

– Нашата организација работи само со донации и тоа помош за Македонија. Последниот пат кога бевме тука со директорот и со владиката Иларион дискутиравме дека овде во болницата нема црква. Тогаш почнавме да размислуваме како да ја изградиме, рече Розенгрен.

Тој најави дека  за десетина дена треба да пристигне и уште една донација во опрема и апарати за штипската Клиничка болница.

Директорката на Клчиничка болница-Штип Елизабета Папарова на донаторите се заболагодари, кои што ја градаат малата црква.