Постапка за разрешување за судијата Панчевски за местењето судски предмети

Од:

Судскиот совет на денешната седница отворил постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на функцијата за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, дознава неофицијално „А1 он“. Како што налага Законот за Судскиот совет, формирана е комисија со член кој е известител и треба да го реферира предметот и да изготви предлог за евентуално разрешување.

Постапката е отворена по допрен глас за злоупотребите во АКМИС системот за местење предмети во Кривичниот суд во Скопје при распределбата на судии по извештајот на работната група при Министерството за правда.

Скопското Обвинителство отвори истрага за Извештајот на работната група при Министерството за правда, а според последните информации од предметот е даден на вештачење.

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека е за очекување истрагата за предметот да не се одвива брзо во поглед на сложеноста на предметот и потребните истражни дејствија и дека од Обвинителството добиле конкретна листа на чекори што ги презеле.

Злоупотребата со распределба на предмети е основа за разрешување и за одговорност на судии ако прифатат таков предмет и на претседатели на судови ако такви предмети доделат во работа.