Поради снимање на филмот „До балчак“, беа отстранети надгробните плочи од гробовите на војводите Димко Николов и Александар Турунџев.
За овој чин дозвола добиле од битолската Митрополија.
Семејството на Димко Николов најави кривична пријава против одговорните за скревнавење
Режисер на филмот е Столе Попов.
Од продукцијата на “Триангл филм“ соопштија дека денеска по завршувањето на снимањето, плочите ќе бидат вратени на своите првобитни места. Објаснија дека и оваа локација на Илинденските гробишта во Битола била прилагодена за снимање на ноќна сцена што се одвива на гробишта.