Поповски: Го осудуваме секој обид за напад врз новинарите

Од:

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски реагира на пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

„Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци“ се вели во реакцијата на кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.