Поповска: Баравме да запрат непродуктивните трошења и тие пари

Од:

На дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која се во кампот на слободата пред Владата, Наталија Поповска рече дека досегашниот начин на владеење развил системската корупција и како резултат на тоа имаме сиромаштија, беда, очај, стра, што изроди и насилство.

– Милионски суми се трошат на владини кампањи и промоции, а не стивнува ниту градење на споменици, нови фасади. Ние баравме да запрат непродуктивните трошења и тие пари да одат за задоволување на насушните потреби на граѓани. Ние ќе продолжиме да прашуваме и по завршувањето на кризата, за трошењето на јавните пари – рече Поповска.