Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Алан Брајан Бергант.
Како што соопшти МНР, министерот Попоски се заблагодари на амбасадорот Бергант за досегашниот придонес за време на неговиот мандат, како и личниот придонес во развојот на пријателските односи и соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија упатувајќи му желби за успех на новите должности.
Амбасадорот Бергант изрази благодарност за добрата соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија за време на неговиот мандат, повторувајќи ја уште еднаш заложбата на Словенија за наше интегрирање во ЕУ и НАТО.
Двајцата соговорници, билатералните односи меѓу двете земји ги оценија како успешни, изразувајќи надеж и уверување за натамошно унапредување на севкупната соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија.