Ратевска река се излеа кај месноста Фарија во атарот на село Владимирово. Поплавени се десетина хектари ниви и ливади на 13 сопственици.
Оштетените земјоделци поднеле барање до Советот на општина Берово за чистење на коритото на реката и тоа било усвоено и ставено во програмата.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информитаат дека поради доцнење на доставата на нафта од стоковните резерви оваа операција не е извршена.
Земјоделците од Владимирово чии површини се поплавени најавија оштетно побарување, за кое Советот на општина Берово ќе расправа на наредната седница, што е закажана кон крајот на месецов.
– Поради обилните дождови не бевме во можност да ја извршиме пролетната сеидба, а со излевањето на реката ќе останеме и без сено од ливадите, па затоа очекуваме помош од надлежните институции, изјави Кире Свинарски, земјоделец од Владимирово.