Поништен јавниот повик за нов Луна Парк во Скопје

Од:

Изборот на концесионер за новиот Луна Парк во Скопје ќе биде по изборите во март, пренесува Нетпрес.

„По завршувањето на локалните избори ќе се знае како ќе продолжат работите околу изградбата на новиот забавен парк. Град Скопје го поништи и последниот распишан јавен повик за нов Луна Парк“, велат од Град Скопје за Нетпрес.

Според последниот објавен тендер, Град Скопје од концесионерот ќе бара изградба на нов забавен парк на истото место на стариот, како и управување и одржување.

Вредноста на проектот се проценува на 8 милиони евра.