Протестот на навивачката група „Комити“ за смртта на нивниот член, Никола Саздовски, продолжи пред Министерството за внатрешни работи.
Демонстрантите кои беа спречени од полицијата да се приближат до зградата на Министерството, порачаа дека не се дојдени да прават проблеми и бараат институциите да си ја завршат работата.
„Ако не ја завршат тие, ние ќе ја завршиме“, велат демонстрантите и извикуваат „Правда за Саздо“.

Свеќите кои демонстрантите планираа да ги запалат пред МВР за загинатиот Саздовски ги запалија на улицата, каде што полицискиот кордон ги запре.
Претходно демонстрантите застанаа на мостот пред Јавното Обвинителство, од каде порачаа дека виновниците треба да одговараат пред законите на државата и запалија свеќи во помен на Саздовски.
Саздовски им подлегна на повредите, по деветдневна кома предизвикана од физички напад врз него од страна на три лица.
Виктор Јованов
