Полицаец пронајден мртов во Пробиштип

Од:

Безживотното тело на полицискиот службеник Дончо С. од Пробиштип е пронајдено попладнево во просториите на полициската станица во Пробиштип, информира Канал 5.

Увидот не е завршен, а го врши тим од Основното јавно обвинителство од Штип и истражна екипа од тамошната полициска станица. Неофицијално, Канал 5 дознава дека починатиот бил инспектор по криминална техника во посочената станица.

Најверојатно се работи за самоубиство.